Миранда Кер е ултра секси во новата фотосесија на Тери Ричардсон

21 декември 2013

Се чини дека ангажманите на прекрасната Миранда Кер по разводот со Орландо Блум како да се зголемија.

Последното што таа го направи е провокативната фотосесија во транспарентна долна облека, создадена специјално од големиот Тери Ричардсон.

Фотосесијата таа ја започна во чифт фармерки и карирана кошула, за неколку фотографии подоцна да се соблече во секси и провокативна долна облека.

Згодната мајка на две деца во фотосесијата ја покажа нејзината беспрекорна фигура во минимиластички парчиња.

Со нејзината едноставна фризура и минимална шминка зачинета со интензивен црвен кармин и очилата за вид како заштитен знак на фотографот, Миранда дефинитивно уште еднаш докажа дека е една од најсекси манекенките во светот.

Објавено:
21 декември 2013
Категорија: 
Актуел