Дали е ова најдобрата пред – есенска колекција за 2014?

23 декември 2013

Ова дефинитивно е колекцијата што не остави без здив и од која посакавме буквално секое парче да се најде во нашиот плакар!

Донатела Версаче едноставно воодушевува со новата пред – есенска колекција, која на женската мода уште еднаш го стави печатот под име „Гламур“.

Дизајнерката во новата колекција ги спротивставува нејзините два омилени стилови – оној нежниот и женстцен што го преферираат помладите клиентки и оној опасниот, секси, со доза на глам – рок стил.

Модната куќа Версаче се поигрува со меките и груби материјали и пастелни бои наспроти секси, црните парчиња. Еден дел од колекцијата е инспириран и од машките парчиња облека, додека во некои модели можеме да видиме дури и трагови од суперпопуларните 90 – ти.

Доколку не сте фан на црната, белата и сивата боја, дизајнерката предлага розова, зелена и виолетова боја.

Целата колекција погледнете ја во галеријата подолу.

Објавено:
23 декември 2013
Категорија: 
Колекции