Лампиони за елки со потписот на ѕвездите

24 декември 2013

 

Британскиот дизајнер Метју Вилијамсон, познат по својата хуманитарна работа, оваа божиќна сезона ги покани своите пријатели од британската културна, уметничка и естрадна сцена да дизајнираат уникатни божиќни лампиони за украсување на елка со цел: поддршка на детското здружение „The Kids Company“. Многу славни личности меѓу кои Гвинет Палтроу, Сиена Милер, фотографот Ранкин, архитектката Заха Хадид, со своите лампиони на посебен начин и со многу љубов ја украсија елката во лондонскиот ресторан Aqua Shard.

 

 

 

Објавено:
24 декември 2013
Категорија: 
Сцена