Живанши успешно лансираше уште еден моден хит

25 декември 2013

Француската модна куќа Живанши не застанува со промовирање на блузи што инстантно се актуелизираат. После оние со принт од ротвајлер и оние со бамби по кои сите се опседнаа, сега на ред дојдоа и нови од предесенската колекција. Откога беа презентирани на писта, сите трендсетерки без дилема посакаа да го  носат ова популарно парче облека.

Новите блузи се со апстрактен мулти принт и со американското знаме. Уредничката на „Харпер Базар“, Џоана Хилман, овој модел го комбинира со црно миди здолниште, додека уредничката на „Вог“, Сара Харис ја споила со бојс фармерки и салонки. Иако, принтот со бамби е се уште е апсолутниот хит на Живанши, примерот со знамето полека но сигурно го зазема местото на врвот.

 

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Тренд