Стилистките и уреднички Џоана Хилман и Кери Пиери се добропознати во модниот свет. Нивниот стил честопати е оценуван како беспрекорен, интересен, креативен, свеж. Но, дали и нивните сопружници се согласуваат со тоа?
Магазинот Harper's Bazaar ги повика токму нив, Арам Грин, сопругот на Џоана и Стив Макари сопругот на Кери, да го искажат своето мислење за избрани стилски комбинации на нивнтите сакани.
А еве ги и коментарите:
Арам: Оваа комбинација воопшто не истакнува ниту една карактеристика на Џоана. Широкиот топ и конзервативното здолниште се одлични ако планира да стане калуѓерка или да посети манастир, за на модна ревија во никој случај.
Стив: Интересно. Многу работи се случуваат овде. Вниманието веднаш ми го однесоа чевлите, мислам дека се кул, како и чантата, или како и да се вика, што се издвојува во оваа боја. Не сум баш обожавател на здолништата со миди должина. Сметам дека здолништата треба да се или куси или долги и да не се широки.
Арам: Ова изгледа лудо. Среќен сум што ова не го носеше на нашиот прв состанок. Изгледа како да ограбила продавница за стари предмети во Јужна Флорида. Леопард принтот врз свилена дезенирана кошула предизвикува мигрена.
Стив: Ова е комбинација што би очекувал да ја видам на нашата тригодишна внука, кога Кери ќе ја пушти да си игра со облеката од нејзиниот гардеробер.
Арам: Изгледа како да го украла големиот блејзер на Лоренс Тејлор од 1986 година. Премногу е големо и масивно, но ми се допаѓа бојата.
Стив: Оваа комбинација е баш кул, мантилот особено ми се допаѓа. Бојата е одлична, а и изгледа топло, особено имајќи предвид дека стомакот е гол. А изгледа дека изложениот стомак е тема што се повторува.
Арам: Гледајќи го ова имам флешбек на нашето последно патување во Париз. Ми се допаѓа концептот на марама со блуза на риги, но сепак, има премногу бои во оваа комбинација. Црвената, оваа нијанса на портокалова и виолетовата не се согласуваат, нели?
Стив: Ги обожувам овие кожени панталони, но зошто носи здолниште преку нив? А и чизмите се толку високи, како оние за риболов, да не пропуштаат вода. Чизмите изгледаат како да се „стопени“ со панталоните.
Арам: Ова е мојот фаворит. Со спортска нота, свежа и летна комбинација без кармин, за промена. Ми се допаѓа и здолништето и принтот. Ме потсетува на едни шорцеви што ги носев како дете. Се' заедно, одлично се вклопува.
Стив: Се' ми се допаѓа овде. Од изборот на бои до привезокот како лупа, како и фактот што повторно можам да го видам стомакот, односно половината на Кери.
Што мислите вие за коментарите на сопружниците на овие две жени од модниот свет?