Најлошо облечените во октомври

29 октомври 2015

Во текот на овој месец во повеќе наврати пишувавме за ѕвездите што ни го привлекоа вниманието со убавите стајлинзи.

Овој пат презентираме дел од оние што ни го привлекоа вниманието на не така добар начин.

Алесандра Амбросио - отворите во роммбоидни форми не ласкаат и на фигура каква што има топ моделот

Гвинет Палтроу - деколтето е нешто што сосема го расипува впечатокот на овој зелен коктел фустан

Хана Јирикова - Евтина и кич комбинација

Хејли Болдвин - забележувате ли нешто друго освен џебовите?

Уште еден не така добар стајлинг на Хејли на Ем-Ти-Ви наградите

Иги Азалеа - неочекувано издание од неа, наликува на јамболија со панделка на средина

Џесика Бил како да сака да изгледа 20 години повозрасно и подебело

Џоли Ричардсон - овој фустан би бил добар избор за Ноќ на вештерките, за оние што сакаат да бидат Клеопатра

Лили Алдриџ - храбра, но не доволно добра комбинација на Лили, која носи само долна облека

Наташа Поли - „голите“ фустани беа вистински хит оваа година, но ова некако нема никаква поента

Рита Ора - ужасно здодевна комбинација. Пижама комбинезон од џинс? И не така добар избор

Селена Гомез - оваа комбинација од 1980-тите треба и да остане таму

Шерил Фернандез - Лошо шарена комбинација... Идеална за мимикрија

Тајра Бенкс - премногу долг комбинезон, а ни Тајра не ни личи за калуѓерка

 

Објавено:
29 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.557 пати