Што нуди Довер Стрит Маркет во Њујорк?

26 декември 2013

 

Минатиот месец во Њујорк се отвори подружница на познатата мултибренд продавница Довер Стрит Маркет од Лондон. Низ фотографиите можете да ѕирнете дел од внатрешното уредување на прекрасната продавница.

 

 

Јапонската дизајнерка и основачка на модната куќа Comme des Garcons Реј Кавакубо, позната по имагинативниот пристап кон модата, пред неколку години својата енергија ја насочи кон отворање токму  на оваа продавница. После тоа, се отворија продавници и во Гиза, Токио и Њујорк.

 

 

Довер Стрит Маркет е познат по тоа што им дава простор на младите дизајнери да ја претстават својата креативна визија, а меѓу најпознатите кои моментално соработуваат со оваа компанија се Лу  Далтон, Фиби Инглиш и Грег Грин. Фиби Инглиш во интервју за списанието „Dazed and Confused“, изјави дека соработката со Довер Стрит Маркет и дала поголема доза на самодоверба, инспирација и насока што треба да ја следи за да може да ја гради својата дизајнерска кариера.

 

 

 

 

 

 

Објавено:
26 декември 2013
Категорија: 
Актуел