Оваа сезона како и претходната маичките со панделки на грбот се доста популарни. Можете да ги најдете во секоја продавница. Совршени се за топлите денови, и не држат жештина, многу се шик и модерни, а најдобро одат во комбинација со искинати фармерки или кратки панталончиња.

 

 

Еве како сами да ја искористите вашата фантазија и креативност и да си направите една за себе.

Потребни елементи:

Стара маичка, која веќе не ја носиме

Ножици

Игла и конец и машина за шиење

Шпенадли

Како прво исперете ја и исушете ја маичката доколку е нова. Потоа превртете ја маичката од страна на грбот. Пред да го исечете делот околу вратот измерете убаво од двете страни да биде еднаков кројот, а не заборавајте и на должината. Бидете крајно внимателни. За поголема прецизност земете креда или моливче и одбележете ги страните каде треба да сечете. Колку ќе биде длабок резот позади на грбот зависи од вашата желба.

 

Второ, започнете со сечење и следете ја формата на „У“ буквата. Бидете претпазливи кога ќе сечете да не ја изместите маичката, така кројот ќе ви биде крив. За да ви биде полесно при сечењето можете да го поделите на два дела, парчето кое треба да го исечете. Така почнете со сечење прво од едната па после од другата страна и доле направете благ шпиц.

 

 

Под трето, делот што го исековте ќе го поделите на три секции една поголема и две помали, и така ќе го пресечете.

 

 

Продолжуваме со четвртиот чекор. Ги земате исечените парчиња, и од најголемото правите панделка, т.е. го набирате материјалот на средина и го зашијувате малку. Потоа земате дел од другите парчиња ткаенина кој ги исековте и ги мотате околу делот каде се набира панделката и го зашијувате. Вашата панделка е готова!

 

 

Наредниот или шестиот чекор е аплицирањето на панделката на самата маичка. Наместете ја погоре подоле, каде сакате, можете дури ако сакате да ставите и повеќе панделки на вашата маичка. Скроете со шпенадли по рабовите каде треба панделката да биде сошиена.

 

И седмиот или последниот чекор, кога сте веќе готови, треба да ја сошиете панделката на маичката, можете и сами со игла и конец ама најдобро ќе биде ова да го направите на машина за шиење. Бидете внимателни да не се избоцкате од шпенадлите. Кога ќе завршите и со ова вашата маичка е готова и спремна за носење. Уживајте!!!

 

 

Finish3

 

Објавено:
4 јуни 2013
Категорија: 
Направи сам