Вака најчесто изгледаат мажите кога се во шопинг со девојките

26 декември 2013

Не е никаква тајна дека мажите не сакаат шопинг. Она што на девојките им е најголема страст, за нив е најголема мака.

Доколку се уште се сомневате во тоа, веднаш отидете во најблискиот трговски центар каде сигурно ќе сретнете барем неколку нерасположени мажи кои ги чекаат своите поубави половини на некоја клупа.

Ако немате време за тоа, има и полесен начин. Отворете го вашиот Инстаграм профил и пронајдете го оној на „miserable men“ што е преполн со фотографии од припадници на посилниот пол кои „уживаат“ во шопингот со нивните девојки.

Или едноставно, уживајте во галеријата!

Објавено:
26 декември 2013
Категорија: 
Фото галерија