Водечки трендови за мажи за претстојната пролет

15 февруари 2014

Зимската сезона полека но сигурно оди кон својот завршеток, затоа за сите припадници на посилниот пол ги издвојуваме значајните трендови што ќе бидат најактуелни за претстојната пролет. Ако сте еден од оние момци што навреме сака да го подготви својот плакар со пролетна гардероба, ние ќе ви ја дадеме насоката со што всушност треба да се подновите. Актуелизацијата на одредени парчиња облека ја има за секоја сезона, затоа запознајте се со моделите што најмногу ќе ги има од полиците во бутиците. Пред да тргнете во шопинг на пролетните колекции, разгледајте кој од трендовите ви се допаѓа.

Цветен принт

Веќе неколку топли сезони не поминуваат без цветниот прит. Мажите некако веќе навикнаа да го имплементираат од својот имиџ, затоа нема да биде тешко тој да се вклопи и претстојната пролет. разликата е тоа што сега многу повеќе се популаризира спојувањето на различни цветни принтови од една комбинација.

Gucci Gucci

Флуидна елеганција

Топлото време не значи дека треба да се одвоите од елегантните стегнати класични парчиња, сега брендовите нудат флуидни елегантни парчиња изработени од лесни материјали што прават да се чувствувате комфорно. Лабави панталони, палта и мантили беа прикажани во повеќето колекции презентирани на машките модни недели.

Lanvin Lanvin

Ретро изглед од 50-те

Можеби нема многу да ви се допадне овој ретро изглед, но дизајнерите предлагаат класични панталони со висок струк, стегнати со ремен што ја потенцира половината. Ваквите ретро панталони ги има во широк и тесен крој со фалта на средината. Заедничко и за двата кроја е тоа што се со висок и нагласен струк.

Michael Cors Michael Cors

Металик нијанси

Металик нијансите не само што преовладуваат во женските колекции, во ист интензитет застапени се и од машките колекции. Палта, панталони,кошули сите изработени од светликав материјал кој го одвлекува вниманието.

Emporio Armani Emporio Armani

Бермуди

Бермудите исто така се навраќаат кон ретро изгледот, од такви со 3/4 должина, над колена, бермудите ќе ви бидат идеални како да дневен урбан изглед низ град, така и на плажа. Важно е дека трендот ви допушта целосна лежерност и комфор.

Alexander Mcqueen Alexander Mcqueen

Мали чанти

Ако ви изгледаа премногу гломазно чантите што досега беа во тренд, сега тие се „смалија“. Новите модели се значително во намалена варијанта, а оние предимензионираните остануваат подзаборавени.

Burberry Burberry

Објавено:
15 февруари 2014
Категорија: 
Тренд