Еве што се случува кога ќе ја пуштите жената да ве води низ светот!

27 декември 2013

Рускиот  продуцент Мурад Осман оваа година стана еден од најпопуларните фотографи, а негови обожаватели станаа илјадници луѓе од целиот свет. Станува збор за интересен проект на овој руски продуцент, кој сценариото од своето интересно фото патување го наслови „Folow me“, а откога почна да ги објавува фотографиите на социјалната мрежа Инстрагам, Осман доби многу следбеници.

На кровот од хотел во Мадрид На кровот од хотел во Мадрид

 

Мурад Осман заедно со неговата девојка Наталија Захарова,  која по професија е новинар, патуваат низ целиот свет и го претставуваат како изгледа во очите на еден маж, воден по насоката на жената што ја сака. Некои мажи не сакаат кога девојката го има главниот збор, но рускиот фотограф нема таков проблем. Од исток до запад, понежната половина, Натали, го носи Осман на сите четири страни од светот, а тој на уметнички начин ги овековечува сите убави моменти.

Истанбул Истанбул

 

На прекрасните фотографии лицето на девојката не се гледа, но таа не води до најубавите и најегзотичните делови од планетата. Притоа, на дел од фотографиите таа е оскудно облечена, а на некои сосем разголена. Мурад Осман е извршен продуцент на филмската компанија Hype Productions, а патувањето го почнал во октомври 2011 година во Барселона. Од тогаш па до сега, заедно со Натали пропатувал низ десетина градови од Москва до Хонг Конг, Сингапур и Бали. Тој вели дека девојка му била главната инспирација за оваа необична фото колекција.

Гранада Гранада

-Некои можеби ќе помислат дека имаме многу слободно време, но всушност ние патуваме најмногу три до четири дена, па пауза и повторно во акција. Фотографијата сега е мојата главна страст и комплетно сум посветен на ова, вели креативецот Мурад Осман.

 

 

Објавено:
27 декември 2013
Категорија: 
Стории