Фотограф ја следи девојката на пат околу светот

11 април 2014

Рускиот фотограф Мурад Осман проектот „Follow me“ го започна во 2011 година, а до денешен ден има над 980. 000 следбеници, кои го пратат неговиот профил на Инстаграм. На овој начин фановите го пратат фотографот и неговата девојка при посета на впечатливи локации низ разни земји во светот. Тоа што овој концепт го двои од сите останати е лајтмотивот кој се провлекува низ сите фотографии.

Мурад кој е во улога на фотограф на секоја слика ја држи за рака својата девојка која го води низ разни локации. Токму затоа и проектот е наречен „Follow m“e, а главен момент е цврстото држење за рака покрај тоа што на ниту една фотографија не се гледа лицето на девојката. Меѓу локациите кои се фотографирани се Москва, Милано, Рим, Њујорк и Париз.

Впечатливите бои, уникатниот концепт и романтичната позадина се дефинитивно голем мотив за да го следите овој фасцинантен фотограф на Инстаграм.

Објавено:
11 април 2014
Категорија: 
Фото галерија