Новото лице на комбинезонот

30 мај 2013

Вечерен комбинезон од Ланви Вечерен комбинезон од Ланви

 

Ова парче облека успеа да се протне скоро во секоја дизајнерска колекција. Варираа само интерпретациите – краток или долг до земја, во потемни нијанси или во бела боја, од нежна или крута ткаенина, со минималистички израз или во еклектични шари. Концептот на две во едно очигледно им се допаѓа и на креаторите и на купувачите, бидејќи комбинезонот нуди удобност и практичност – облекувате едно парче облека и за комплетниот стајлинг потребни ви се само модни додатоци. За пролет-лето 2013 светските дизајнери понудија комбинезони во разни бои, материјали и кроеви: црни и вечерни кај Ланвин, Ели Саб и Ролан Муре, со впечатливи шари кај Кензо, Жан Пол Готје и Москино, со пруги и коцки кај Луј Витон, Мајкл Корс и Долче и Габана, лежерни и во светли бои кај Емилио Пучи, Клое и Емпорио Армани.

 

Креација на брендот Пол и Џо  Креација на брендот Пол и Џо

 

 

Објавено:
30 мај 2013
Категорија: 
Тренд