Што да облечете денес?
•
2 јануари 2014
За почеток на првиот работен ден од новата 2014-та ви предлагаме моќна, женствена формална комбинација од молив здолниште во цветен принт, надополнето со класична бела кошула. Врз неа облечете го црното класично палто, а врз него крзнен елек. Чизмите до глужд исто така нека бидат во црна боја, а ако немате такви на полна платформа, нема да погрешите ако облечете салонки или чизми на висока потпетица, важно е да бидат до глужт. Со вака моќен изглед подготвени сте да чекорите во новата модерни и уникатни.