Што да облечете денес?

8 април 2014

Драги наши девојки за денес ви предлагаме формална и тренди комбинација сочинета со класично тегет сако под кое ќе облечете кошула со светло сини пруги, а во долниот дел надополнете со молив здолниште со дискретен црвен принт. Оваа едноставна шик комбинација освежете ја со некој масивен ѓердан и голема чанта. За да уживате во комфорноста облечете ниски балетанки зашто времето веќе ни ги дозволува. Имајте убав ден!

Објавено:
8 април 2014
Категорија: 
Тренд