Што да облечете денес?

14 април 2014

Понеделнички, почетокот од оваа седмица стартувајте го со женствена и урбана минималистичка комбинација од која пред се ќе ја истакнете вашата силуета. Принтот од пруги е апсолутен трендовски хит, а од оваа комбинација е застапен на пенкало здолништето чии линии се движат до телесната конституција. И маичката со која ќе надополните нека биде во едноставна бела или црна боја, но задолжително освежете го аутфитот со масивен впечатлив ѓердан. Веруваме дека повеќето од вас во гардероберот поседуваат класично црно сако, кое одлично ќе се надополни и ќе допринесе за формален впечаток. Имајте убав ден!

Објавено:
14 април 2014
Категорија: 
Тренд