Што да облечете денес?

1 април 2014

Топлото време полека но сигурно е пред нашиот праг, затоа пркосете му на повремените облаци, со тоа што ќе облечете весела и романтична бохо комбинација од лежерни парчиња во  која пред се  ќе уживате во комфорот. За таквиот неформален стајлинг потребна ќе ви биде блуза од некој лесен материјал со впечатлив егзотичен принт од неколку бои, која пак ќе ја надополните со кратки сиви панталони со тантела во долниот дел. Комбинацијата освежете ја со некој масивен ѓердан во нијанси како од панталоните или некоја нијанса од принтот на блузата, а за уште пофлуентно извршување на обврските,  на нозете облечете чевли на квадратна потпетица. Патем, не заборавајте ги очилата за сонце. Имајте убав ден!

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Тренд