Што да облечете денес?
•
15 април 2014
Драги наши девојки за овој вторник ви предлагаме женствена и тренди контрастна комбинација во која пред се ќе уживате во комфор. Здолништата со висок струк се апсолутен хит, а токму во таков крој ви предлагаме да комбинирате црно плисирано здолниште кое ќе го надополните со некоја маичка или кошула во корална нијанса. Преку овој стајлинг најмногу ќе се истакнат вашите нозе, а за дополнителен ефект облечете шпиц салоники на висока потпетица. Доколку обврските не ви налагаат формален изглед, слободно опуштете се во овие парчиња и уживајте во денот.