Што да облечете денес?

31 октомври 2013

За сите дами што обожаваат да ја истакнат својата женственост и сексапил и во секојдневни парчиња,  ви предлагаме комбинација од  најактуелните есенски бои меѓу кои водечка е винската. Облечете тесни цигара фармерки што ќе ги истакнат вашите нозе, тенок џемпер во маслинаста нијанса во некој интересен крој, тенка памучна маичка за под него, а целосниот изглед  заокружете го со впечатливи аксесоари како на фотографијата. Од обувки задолжително облечете високи потпетици зашто токму тие ја внесуваат дозата на шарм и маркантност. Имајте убав ден!

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Тренд