Што да облечете денес?

17 април 2014

Многумина од нас знаат да кажат дека се облекуваат како што се чувствуваат, водени по тоа ви предлагаме комбинација во која веруваме дека ќе се чувствувате весело и комфорно. Нашата сугестија алудира на бели фармерки во цигара крој надополнети со памучна спортска блуза со принт од приуги, врз која пак можете да облечете тегет сако како од фотографијата, а одлично ќе се спои и некој плетен долг пуловер. Коралната и жолтата нијанса од  балетанските и чантата, се вистинско освежување од целосниот изглед. Уживајте во денот!

Објавено:
17 април 2014
Категорија: 
Тренд