Што да облечете денес?

16 октомври 2013

Fashionel ова среда ви предлага лежерна комбинација во која ќе се чувствувате пред се комфорно за да ги извршувате обврските што ви ги налага денот. Пругите секогаш го освежуваат изгледот, затоа облечете пуловер или тенко џемперче во ваков принт и тегет памучно фустанче. Останатите аксесоари како чизмите, марамата, чантата и накитот нека бидат во кефено-портокалова нијанса, ако баш и не поседувате во таа боја, одлична замена би биле и оние во црвена боја.

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Тренд