Чекор понапред - мажите се повеќе ги прифаќаат панталоните во „цигара“ крој

19 октомври 2013

Тесните панталони направија револуција во машката мода. Додека жените не излегуваат од дома без омилените цигара панталони, некои од мажите се уште не можат да го прифатат овој тренд и се колебливи. Причината за тоа се класичните кроеви кои веќе го имаат своето место во машките гардеробери, а новите кроеви потешко се прифаќаат.

 

Се разбира овој модел не може да го носи секој, зашто треба пред се да одговара на вашата конституција. Не дека посилниот пол не практикува да ги носи, но се уште има од оние што мислат дека ваквите модели се повеќе за жени отколку за мажи. Оваа теза треба целосно да се разбие, зашто можеби токму на вашата градба на нозе одговара баш ваков крој на панталони. Во последно време унисекс модата е доста актуелна, а веќе низ содржините ви напомнавме дека границата меѓу машките и женските стилови е сосема тенка.

Модниот бренд Левис веќе многу одамна почна да ги произведува во различни бои, а веднаш по нив дизајнерите воведoa стандарди дека мажите треба да имаат струк од 33 см за да носат ваков крој. Денес пред сите мажи се поставува прашањето дали сакаат или не да носат вакви панталони? Посебни правила за носење ваков модел нема, но едно е сигурно- идеално им прилегаат на витките момци.

 

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Тренд