Моден мозаик во стилот на Шерлок Холмс

16 октомври 2013

 

Костуми, капути со мажествени кроеви, текстури и облици. Андрогениот стил кој ги инспирираше дизајнерите за да создадат еден помалку невообичаен моден склоп за сезонава е легендарната приказна за најпознатиот детектив на сите времиња Шерлок Холмс.

 

dsquared2

 

Целосниот изглед на прв поглед се чини дека е наменет за мажи, но всушност, главните протагонисти во панталони, шапки и наметки се жените кои уште еднаш докажаа дека тие се чекор понапред од мажите. Иако, Марк Џејкобс се обиде да им наметне на мажите да носат здолништа, сепак, овој тренд беше неуспешен, жените и понатаму владеат и во машки панталони, но и во здолништа и тоа го прават одлично, со стил, креирајќи нов моден идентитет и нова тенденција.

 

comme des garcons

 

Иконските модели и парчиња облека се инспирирани од Шерлок, но вистинскиот јунак кој се крие зад креацијата на овој лик е Сер Артур Конан Дојл, чиј „детектив“ сезонава ја доживеа својата преобразба, трансформирајќи се во современа варијанта на дизајн, крој и боја.  Не смееме да ги занемариме и деталите, доколку сакаме вистински да останеме доследни на ликот на познатиот детектив Шерлок Холмс. Шапката, лулето, ракавиците, марамата и поштарската чантичка се задолжителни, а вие може да ги зачините со некое интересно парче накит, кое ќе додаде женственост и елеганција во целата приказна.

 

Мулбери

 

Се чини дека машките модели и дизајни совршено ја обликуваат женската фигура давајќи еден поинаков шарм во оваа студена сезона, а верувајте тоа е и еден од моментите кои реално ги возбудува мажите. Бидете поинакви и пробајте да го истражите светот на Холмс, а во продолжени погледнете ги модните решенија кои ги понудија дизајнерите:

 

 

 

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Тренд