Жени во машки чевли

28 јануари 2014

 

Отворете го плакарот на вашиот партнер и ставете се во „неговите чевли“. Од костуми, до софистицирани јакни, вратоврски и пеперутки, нормално стилизирани во женски кроеви за уникатен изглед секој ден во неделата. Неодамнешните модни случувања покажаа дека дел од жените мошне смело и модерно знаат како да го комбинираат андрогениот стил, па поради тоа ви презентираме седум шик изгледи инспирирани од храбрите дами кои знаат како да дефилираат по улиците во машки чевли.

 

Понеделник Понеделник

 

Понеделник

Скоро и да не постои машки гардеробер кој во својата колекција не вбројува соодветно сошиен костум, од причина што оваа варијанта задоволува неколку критериуми на идеален изглед. Започнете ја вашата работна недела со костум кој ќе биде дизајниран специјално според вашата конституција и ќе ја следи линијата на телото.

 

Вторник Вторник

 

Вторник

Кога веќе одлично го вметнавте костумот во вашиот моден израз, следен чекор кој треба да го направите за да имате уникатно вторничко модно издание е да ја вметнете машката вратоврска во целиот стајлинг. За да имате впечатлив белег, додадете интересен брош со кој ќе ја нагласите женственоста, а наместо панталони со оваа комбинација можете да искористите и здолниште. Пробајте!

 

Среда Среда

 

Среда

Атлетските модни вибрации не се лимитираат само на спортски дресови и патики, кратките панталони до под колена, широките џемпери кои се користат како униформи во училиштата со едноставна кошула под нив, чорапи кренати над глужд и удобни патики се состојките кои ќе го зачинат модниот рецепт за среќна среда.

 

Четврток Четврток

 

Четврток

Мажите ги обожаваат предимензионираните модели на капути и тоа веќе со децении. Но, жените не сосема ги прифаќаат, бидејќи не ги истакнува нивните атрибути. Но, можете горниот дел од капутот да го скроите според формата на вашата градба, да го стегнете малку во половината и да оставите долниот дел слободно да паѓа. Мала тајна на шивачкиот занает, но и одлична комбинација за четврточно модно издание.

 

Петок Петок

 

Петок

Освен капутите, друг сегмент кој целосно ја отсликува машката модна ДНК е изборот на палто. Долго или кратко, сеедно мора да има големи џебови како надвор така и внатре, впечатливи копчиња, широка јака и да биде во класичен крој, за да може сензационално да се вклопува во модните трендови на неколку сезони. Петок, последниот ден од работната недела заокружете го со ваков модел на палто, а ако има и некаков специфичен дезен кој бил карактеристичен за ’60-тите или ’70-тите уште подобро, бидејќи веднаш ќе се рангирате на листата на модни икони.

 

Сабота Сабота

 

Сабота

Униформирано сако, плисирано здолниште, морнарска капа и чизми над глужд е идеална комбинација за саботна прошетка. Ќе изгледате како ко-капетан на брод кој плови со стил низ градските улици. Оваа комбинација наликува помалку и на класичната модна ученичка верзија која ќе ви врати спомени од вашите млади години и верувајте ќе се чувствувате прекрасно.

 

Недела Недела

 

Недела

Мантил за дожд во беж боја, доколку времето не е многу ладно одлично ќе го освежи вашиот неделен изглед. Ќе се чувствувате опуштено, a ќе изгледате тренди.

 

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Тренд