Убавото време уште нè служи, па затоа искористете го максимално за летни комбинации. Ние за денеска ви одбравме една што совршено ќе се вклопи во вашиот изглед на работното место, доколку секако можете самите да одберете што ќе носите, но и доколку планирате некои активности после завршетокот на работните обврски.
Тесното здолниште до колена со принт го искомбиниравме со кошула во пастелно розова нијанса. Во предниот дел се врзува панделка што внесува дополнителна нежна и романтична нота.
Кога се обувките во прашање, ние одбравме тоа да бидат чевли на врзување со ниска потпетица, а од модните додатоци вклучивме и мала чанта во истата нијанса.
Но, доколку сте од оние што носат големи чанти бидејќи таму ви стои сè што ви е (или можеби ќе ви биде) потребно, можете да направите своја комбинација. Истото важи и за накитот. Нежни обетки, по некој прстен или алка можат да го надополнат изгледот.
Ви посакуваме среќна среда!