Познатите дизајнери даваат модни совети за мажи

5 декември 2013

Men-Fashion-2013-Photos-HD-Wallpaper-1280x720

Постојано се советуваат жените - како треба да се облекуваат, што да се истакне, што да се сокрие, како модата да биде пријател, а не непријател. За мажите дека се смета дека се поедноставни и не толку заинтересирани за модата и шопингот. Но, тоа не е така. Односот кон модата е индивидуален, а познатите дизајнери ги следат и (или) создаваат машките и женските трендови подеднакво, па во продолжение еве неколку совети за сите мажи кои внимаваат на тоа како изгледаат и сакаат да се тренди и модерни.

Том Форд: Јас не верувам во „играње“ со кроевите. Ги сакам класичните одела кои придонесуваат за тоа машките раменици да изгледаат силно, струкот тесен, а нозете долги. Класичната едноставност секогаш е во функција.

Валентино: Обиди се да не станеш жртва на модата. Секогаш кога сум купил нешто што е многу модерно, што е хит на интернет, никогаш не сум го носел. Мразам кога ќе видам мажи кои се обидуваат да се облекуваат исто како и манекените што ги виделе на писта. Тоа значи дека немаат своја личност и сопствен став.

Дона Каран: Секој маж треба да ги има следниве седум парчиња облека: црни панталони, сако од квалитетен материјал, бела кошула, еднобојна вратоврска, џемпер од кашмир, фармерки кои одлично му стојат, кожена јакна. Можат да бидат во модерен или класичен крој, важно е меѓусебно лесно да се комбинираат.

Пол Смит: На млад маж брада од два дена изгледа кул. Но, ако сте повозрасни, особено ако имате и некое бело влакно, ќе изгледате неуредно. Во ред е да ја пуштите брадата и убаво да ја стилизирате.

Кенет Кол: Облеката можеби е и најголемиот поединечен облик на самоизразување. Затоа ги повикувам сите секојдневно да одвојат неколку минути, не повеќе, и да размислат каква порака на тој начин ќе и пратат на својата околина.

Рик Овенс: Работењето на телото е секогаш во мода. Не постои одело кое ќе направи да изгледате послабо и да се чувствувате поздраво. Наместо да трошите пари на облека, вложете ги во добар тренер.

The-Gang-GQ-ITALY-mens-fashion

Драјс ван Нотен: Слушај што ти зборуваат другите за начинот на кој се облекуваш, затоа што на крајот модата е еден од начините на кои комуницираме меѓусебно. Кога твоите пораки се „читаат“ погрешно, знаеш дека треба нешто да менуваш.

Томи Хилфигер: Внимателно бирајте ги боите, особено пастелните. Истото важи и за дезените. Почнете со вратоврската или кошулата, никако со јакната или панталоните. Светлите тонови комбинирајте ги со црна, тегет и кафеава боја. Не мешајте премногу различни бои, материјали или модни додатоци.

Том Браун: Кога се во прашање чевлите, навистина не се потребни повеќе од неколку чифта класични „зумбани“ модели. Јас носам црни кога одам во град, никако кафени, затоа што не се елегантни.

Донатела Версаче: Постојат повеќе правила за мажите во Америка, отколку во Европа. Оделото на пример е општествен индикатор во САД и точно може да ни каже дали мажот во холот на хотелот е кондуктер или директор, судија...

Виктор и Ролф: Жените можат да ги имитираат светските модни икони, мажите треба да ги побараат „дома“. Негуван дедо или вујко на пример, можат да бидат добри примери. Добар машки стил е заснован врз детали и квалитетни материјали. Совршени копчиња за манжетните или шнола за вратоврска, внимателно одбран шал и ракавици, добар чадор, тоа е важно.

Џорџо Армани: Најлошите грешки се прават кога се обидувате да ги имитирате другите мажи, нечиј туѓ стил и кога премногу се трудите околу облеката. Добро размислете што ви одговара вам, тоа е клучот на добриот изглед.

Објавено:
5 декември 2013
Категорија: 
Направи сам