Мажите кои се повисоки од 190см се сметаат за високи, според денешните стандарди. Тие што се витки и умерено мускулести, можат да носат речиси се и тоа без проблем. Но, проблемот со кој можат да се соочат сите високи мажи е пронаоѓање облека со доволно долги ракави или ногавици.
Затоа:
*Немојте да носите облека која ви е еден број повисока, затоа што ќе виси на вас. Исто така, избегнувајте ја и таа која и премногу ја следи линијата на вашето тело, затоа што уште повеќе ќе ве издолжи.
*Кошулите нека бидат доволно долги, за да можат да се вовлечат во панталоните. Во спротивно ќе изгледате како огромен маж.
*И кусите јакни имаат сличен ефект. Торзото и нозете во тој случај ќе ви изгледаат непропорционално. Бирајте јакни и сакоа кои се завршуваат на колковите. Подобро ќе ви стојат оние со две копчиња, затоа што моделите со три визуелно го издолжуваат телото. Исто така, јакните и сакоата со дворедно закопчување, како и капутите до колена, особено оние кои се врзуваат на половина се одличен избор.
*Кога се панталоните и фармерките во прашање, бирајте ги оние со рамни ногавици, доволно долги да го покријат врвот на чевлите. Ако сте послаби, струкот никако не смее да биде премногу низок.
*Високите и слаби мажи можат да носат различни бои и дезени, а контрасните нијанси ќе ве направат визуелно пониски. Комбинациите со вертикални риги, и покрај врежаното мислење, нема да ве направат послаби, напротив, ќе излгедате пошироко. Можете да експериментирате и со принтовите, а крупните дезени подобро ќе ви прилегаат.
*Деталите како ремен и вратоврска се важни, а кај високите мажи особено доаѓаат до израз. Не ги одбегнувајте ниту шапките кои даваат личен печат на стилот, само внимавајте косата да ви биде уредна.
*Кога се обувките во прашање, носете патики со потенок ѓон, а аглестите или округли врвови на чевлите ќе ви помогнат да „ги избалансирате“ долгите нозе.
*Стилистите препорачуваат да се облекувате слоевито. А според се ова досега кажано, значи дека во гардероберот треба да имате - сакоа и јакни со дворедно закопчување, ролки, широки ремени, одело скроено по мерка, капут до колена кој се врзува на половина, панталони и фармерки со рамни ногавици, патики и чевли со тенок ѓон...