Што да облечете денес?

20 ноември 2013

Оваа среда ви предлагаме комбинација од комфорни секојдневни парчиња, искинати фармерки во цигара крој, мантил на дворедно закопчување и тенка блуза во некоја слична светла пастелна нијанса како палтото. Аксесоарите изберете ги во некоја впечатлива нијанса, ние ви предлагаме да бидат  во праска боја, а на нозете за секој случај облечете гумени чизми, зашто времето надвор е непредвидливо.

Објавено:
20 ноември 2013
Категорија: 
Тренд