Оваа работна седмица од месец август почнете ја со минималистичка модна елеганција. Модната куќа Елена Лука како и секогаш е тука да ги разреши вашите дилеми во однос на стајлингот, а притоа да ви помогне  да бидете уникатна дама која ќе се разликува по својот стилски индивидуализам. Денешниот понеделнички предлог е одличен формален стајлинг за на работа, но истиот е и повеќенаменски, па можете да го носите и на разни свечености.

Црно -белата варијанта секогаш важи за сигурен избор. Токму оваа дводелна комбинација од  „молив“ здолниште во црна боја со нагласен струк, споено со  црно-бела кошула што  во горниот предел има аплицирана деликатна црна тантела, која пак  визуелно изгледа како краток топ, е идеалниот Ваш избор. Издвојувајте се преку оригиналноста од  македонскиот дизајн на Елена Лука.

Објавено:
4 август 2014
Категорија: 
Без категорија