Бидејќи летото е создадено за стајлинзи од светли и нежни нијанси, за оваа среда модната куќа Елена Лука повторно е тука да ги разреши вашите стилски дилеми. Овојпат, за предлог стајлинг на денот тие издвојуваат романтичен коктел фустан во сензуална белa-ментол пастелна нијанса. Креацијата во пределот кај градите е конструирана во вид на корсет, врз кој пак е направена рачна обработка во мулаж тежника.

Естетската игра продолжува и од половината надолу, каде текстурата продолжува формирана во вид на глок. Романтичноста од моделот дополнително е нагласена со цветен детаљ на струкот, од  кој е заокружена дизајнерската замисла. Комбиниран со лесно летно сако, фустанот е идеален како формален стајлинг, но од неговата индивидуална примена е одличен и за вечерните свечености.

Без двоумење направете го вашиот моден избор во реномираната Елена Лука.

Објавено:
19 август 2014
Категорија: 
Без категорија