Третата седмица од месец август почнете ја со стајлинг кој пред се ќе  претставува извор на позитивна енергија, сензуалност, женственост и стилски индивидуализам. Според модните креативци од реномираниот македонски бренд Елена Лука  предлог стајлингот ги има сите такви карактеристики.

Станува збор за коктел фустан во боја на слонива коска изработен од нежен памучен сатен. Фустанот кој помалку наликува и на макси кошула, но во малку пософистицирана варијанта е во смирен крој кој од предниот дел завршува во должина над колена, додека задниот предел е малку подолг. Играта од кројот е исто така застапена и кај ракавите, каде едниот е во 3/4 должина, додека другиот се лелеави романтично во вид на ѕвон.

Бидете оригинални и препознатливи, носете Елена Лука.

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Без категорија