Уште еден ден од работната седмица модната куќа Елена Лука за сите дами кои пред себе имаат свечен повод, им предлага елегантна, женствена и сензуална креација. Водени по тоа дека уникатниот фустан во живот на една жена има посебно значење, вредните раце од креативниот тим на реномираниот бренд се потрудија истиот да го изведат со максимално посветено внимание. Гламурозната тоалета во боја на темно вино ги има сите естетски карактеристики што ја прават маркантна и оргинална во секој поглед.

Фустанот во пределот кај градите е корстериран и изработен од памучен сатен врз кој пак рачно се аплицирани цветови обработени со монистра. Од струкот надолу кројот продолжува во полн глок кој придонесува за дополнителен раскошен ефект создаден во основата од светол сатен врз кој пак е поставена темно црвена мрежа што во целост се надополнува со останатите текстури и апликации.

Направете ги Вашите свечени мигови посебни, носете Елена Лука.

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Без категорија