Стилски двобој: Алесандра Амбросио или Анџелина Џоли?

30 мај 2013

Познатиот ангел на Викторија Сикрет изгледа дека е голем фан на Анџелина Џоли. Доказ за тоа се двата речиси идентични фустани со кои претходно актерката се има појавено на црвениот килим.  Долгиот беж фустан со длабоко деколте го носеше во Њујорк за презентацијата на новиот градник о д В.С. вреден 2.5 милиони долари, а во црниот долг фустан од Версаче, Алесандра  се појави на отварањето на изложбата на фотографот Марио Тестино во Бостон. Убавата Бразилка покрај копирање на фустаните, очигледно го обожава и позирањето на Џоли, но сепак вие сами одлучете на која од нив две подобро и стојат овие креации.

Објавено:
30 мај 2013
Категорија: 
Стилски двобој