Стајлинг на неделата #33: монохроматски изглед во металик сребрена нијанса
•
8 јануари 2014
Кејт Бланшет ја обожаваме не само поради тоа што е фантастична актерка, туку и поради тоа што е комплетно изградена личност која секогаш знае својот изглед „математички прецизно“ да го прилагоди и на пригодата, нејзината улога и на својот физикус.
На њујоршките филмски награди „Film Critics Circle Awards“ кои се одржаа завчера, Бланшет се појави во шик асиметричен фустан на Антонио Берарди во металик сребрена боја и болеро кое го следеше истиот тоналитет.
Креацијата од пред-зимската колекција на Берарди за 2014 е надополнета со класични црни салонки од Кристијан Лобутан, а комплетниот елегантен изглед е финиширан со суптилен накит од Van Cleef & Arpels.