За Американскиот Таргет терминот „plus size“ се изедначува со состојбата на трудница

10 јануари 2014

Последните неколку месеци не пости кампања или колекција која не предизвикува лавина коментари бидејќи веќе не постои дефинирање на термините и нивно разграничување. Односно повеќе не се знае што значи терминот „plus size“, што значи девојката да е крупна, екстремно слаба или пак нормална. Неодамна и Тајра Бенкс реагираше бурно за овој термин, истакнувајќи дека во него не постои позитивна конотација,но сепак модните стандардни налагаат сосема други правила.

Модните брендови се свесни дека овој таргет е неопходен да се опфати во нивната продажба, но секогаш постои проблем во одредувањето на броевите. Последна во низата бурни реакции предизвика фотографијата на онлајн шопот Таргет на која е претставена трудница како носи макси фустан, а се презентира модел кој е наменет за plus size жени.

Објавено:
10 јануари 2014
Категорија: 
Актуел