Елена Перминова е трудница со стил за почит

10 јануари 2014

Откога ја објави веста за третата бременост, манекенката и џетсетерка Елена Перминова воодушевува со стајлинзите. Таа на својот официјален профил на Инстаграм, редовно објавува фотографии на кои позира, а ние секако од нив ги одбравме најдобрите како пример дека и големиот труднички стомак може да допринесе за оригинално модно светло од комбинациите.

На една од фотографиите таа е во бел фустан со син прит од етикетата Vionnet. H&M и Версаче се брендовите што често ги има на себе во текот на бременоста, а ништо помалку впечатлива беше и во блажената  состојба и со другите две деца. Како ви се допаѓа?

Објавено:
10 јануари 2014
Категорија: 
Сцена