Кензо почна со производство на постелнина
•
15 јануари 2014
Француската модна куќа Кензо која е основана во далечната 1970 година, оттогаш па до денес постојано нуди интересни колекции и парчиња што инстантно стануваат тренд. Сега, Кензо има нов подвиг. Воедно, станува збор за производство на постелнина, инспирирана од уличната мода.
Чаршави, перници, крпи и наметки за во бања, кои имаат интересен дезен што пред се потсетува на оној што го имаат и колекциите облека. Отсега и вашиот кревет може да „носи“ бренд. Што се однесува на цените, тие се движат од 40 долари за навлака на перница, до 1000 долари за дупла постелнина за спална соба.