Дарја Вербови уште еднаш е шик девојка за Селин

18 јануари 2014

Прекрасната Дарја Вербови уште еднаш е главното лице на модната куќа Селин, овојпат за нивната одлична кампања за пролет/лето 2014.

Канадскиот топ модел дефинитивно е една од миленичките на брендот, со оглед на тоа што таа неколкупати се појавува во нивните кампањи.

Овојпат, таа е придружувана од шармантната манекенка Џулија Нобис, а целата фотосесија е направена од германскиот фотограф Јирген Телер.

Девојките се фотографирани во интересни пози, со одличните парчиња што брендот ги подготви за трендсетерките за ова лето. На фотографиите може да се видат многу свежи и колоритни парчиња, но и интересни чевли со впечатлива потпетица.

На една од фотографиите Дарја ја носи и добро познатата и обожувана чанта од Селин во комбинација од црна, жолта и сина боја.

Од модната куќа соопштија дека наскоро ќе бидат објавени сите парчиња и фотографии од целата кампања и колекција.

Објавено:
18 јануари 2014
Категорија: 
Актуел