Раскошна бајка од фустани на Ели Саб за пролет/лето 2014

23 јануари 2014

Посетителите на неделата на висока мода во Париз денеска имаа можност да видат една од најубавите и најраскошни колекции од омилениот Ели Саб.

Со колекцијата за пролет/лето 2014 тој уште еднаш покажа зошто е омилениот дизајнер на многу девојки ширум светот. Колекцијата беше вистинска, романтична бајка обоена во пастелни нијанси кои на голема врата ја најавија пролетта.

На пистата можеа да се видат свечени долги тоалети  и фустани до колена во добро препознатливиот стил на дизајнерот. Што се однесува до боите, доминираа розовата, виолетовата,  црвената и секако црната и белата.

„Жените многу често ми бараат фустани како оној невестинскиот што го покажав денеска. Тие само сакаат нивните соништа да се остварат, а ние се обидуваме да го направиме токму тоа“, вели дизајнерот.

На ревијата на Ели Саб се случи мала незгода, кога една од манекенките падна на пистата. Но, и покрај тоа, таа изгледаше неверојатно елегантно! На ревијата на Ели Саб се случи мала незгода, кога една од манекенките падна на пистата

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Колекции