Портфолио: Станислав Јакушевскиј - го напушта компјутерското инженерство за да стане модел

23 јануари 2014

Creative Director: Mirza Sprecakovic  Photography: Kidizin Sane Hair & Makeup: Danny Daniel Wutzl  Model: Stanislav Jakuschevskij Creative Director: Mirza Sprecakovic
Photography: Kidizin Sane
Hair & Makeup: Danny Daniel Wutzl
Model: Stanislav Jakuschevskij

Станислав Јакушевскиј од Русија е прилично ново лице на модната сцена, но според ангажманите кои ги има не се сомневаме дека наскоро ќе почне да испишува богато портфолио со бројни дизајнерски имиња во него.

Со моделство почнува да се занимава уште додека студирал за компјутерски инженер во Барселона и бил дел од агенцијата Group Model Menagement, но стилот му бил сосема поразличен од сегашниот. Односно немал брада, имал кратка коса и работел на комерцијални проекти како што се реклами за Самсунг, Сникерс, Рено и бил дел од видео записот на италијанскиот пејач Ligabue.

По завршувањето на студиите започнува да работи на својата струка, но во септември 2013 ја напушта работата како компјутерски инженер и започнува активно да се занимава со манекенството.  Неговата матична агенција е Body&Soul во Виена, во Милано го претставува агенцијата Boom, во Лондон MOT,  а во Хамбург MGM. До сега има снимени едиторијали за магазините Indie, Wiener  и Vangardist и има работено презентации за Дизел во Виена.

Иако кратко време  е дел од модниот свет, ние се надеваме дека во иднина ќе го гледаме Станислав во многу поголеми модни проекти рамо до рамо со светски познати машки модели.

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Портфолио