Мистерот Ивица Симоновски гради интернационална кариера

9 август 2013

mister1

Мистерот на Македонија, 26-годишниот Ивица Симоновски потпиша едногодишен договор за модната агенција „First avenue adacemy and model agency“ од Виена.

Ивица не сакаше да открива детали околу договорот, но истакна дека од септември го очекуват почести патувања на релација Скопје-Виена, поради снимање на едиторијали и реклами.

-Оваа работа ја сметам за хоби повеќе отколку професија. Соработката ми се случи кога најмалку очекував и кога се повлеков од модната сцена. Долго време размислував дали да заминам на состанок во Виена, но по долгото инсистирање на агенцијата и условите кои ми ги понудија, склучив договор на една година - изјави Ивица.

Во текот на престојот во Виена, Ивица сними фотосесија, а по објавувањето на фотографиите, интерес за него пројавија и други агенции од странство.

mister 2

Објавено:
9 август 2013
Категорија: 
Актуел