Македонка ќе глуми во „Црната вдовица“ на Марвел

13 септември 2019

Македонката Симона Живковска ќе глуми во новото продолжение на култниот филм на Марвел, „Црната вдовица“ со Скарлет Јохансон во главната улога, чија премиера се очекува да се случи следната година.

„Официјално е!!! Веќе долго време се мачам да не раскажам на сите дека станав дел од @marvel универзумот и дека станав дел од оваа продукција!! Овој цел момент беше исполнување на сонот, па сега се чувствувам благодарна и смирена. Ништо од ова немаше да постигнам без верба, мојата фамилија и мојот кикас агент“, напиша младата актерка на нејзиниот Фејсбук профил.

Во биографијата на Симона на нејзиниот официјален сајт стои дека таа има македонско и западно индиско потекло (Карипски остови, Свети Мартин), а долги години живее и работи во Лондон.

За прв пат се појавила на екраните на 17 години благодарение на улогата во серијата „My murder“ емитувана на Би-Би-Си. Нешто подоцна, потпишала договор со Identity Agency Group по што следеле улоги во многу серии и филмови.

Таа го завршила нејзиното образование на филмска академија во Лондон, конкретно на отсекот режија како вљубеник во создавањето магија зад камерите, а не само глума.

Новото продолжение на „Црната вдовица“ на Марвел се очекува премиерно да биде прикажано во мај 2020, а конкретни податоци за тоа која улога ќе ја толкува Симона, сѐ уште нема.

Инфо и фото: Simona Zivkovska/Facebook, simonazivkovska.com

Објавено:
13 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
738 пати