Најдобрите мејкап трендови и фризури од модната недела на висока мода во Париз

24 јануари 2014

Тоа значи дека голем дел од мејкап трендовите и фризурите сами по себе се наметнуваат како задолжителни за сите оние кои живеат буквално за и во име на модата. Главниот впечаток е дека негуваниот и нежен изглед е секогаш ин, нагласување на очите со ајлајнер и можеби изгледа чудно, но дефинитивно тренд кај фризурите се коњските опавчиња со нагласен патец на средина.

Валентино

Пат Мек Грат го задржа едноставниот изглед, со ептен нежна дури и неприметлива сенка за очите и бледо розов или безбоен сјај на усните.  Гвидо Палау во однос на фризурите се одлучи за нагласен патец на средина, а косата собрана на задниот дел.

make-up-trendovi-07

Џорџо Армани

На ревијата преовладуваа нагласени smokey eyes со сребрено - сива сенка и нагласени веѓи, а косата беше собрана во капа со накит.

make-up-trendovi-06

Шанел

Мејкапот беше највпечатлив на модната ревија на Шанел. Очите беа нагласени со црн ајлајнер на горниот очен капап, а на долниот дел линија исцртана со светки. Исто така покрај шмиката, внимание привлекоа и фризурите кои едноставно отскокнуваат од класиката на коњски опавчиња и кадрици.

make-up-trendovi-05

Џамбатиста Вали

Очите беа фокусот кај манекенките на оваа модна ревија. Нагласени очи со црн ајлајнер, бледа кожа и беж речиси неприметлив кармин за усни. Во однос на фризурите, тие беа модерни со тргање на косата од предниот дел за да се стави акцент на лицето.

make-up-trendovi-04

Кристијан Диор

За разлика од другите модни куќи, кај Диор акцентот беше ставен токму на усните со нагласен црвен карми, а очите со нежна комбинација од беж и кафена сенка. Во однос на фризурите, косата беше собрана зад ушите со нагласен страничен патец.

make-up-trendovi-03

Скјапарели

Секоја манекенка изгледаше уникатно како во однос на мејкапот, така и во однос на фризурите. Тие варираа во зависност од конкретната креација, а особено фризурите кои беа буквално во секакви форми и бои, а некои беа надополнети со интересни модни додатоци.

make-up-trendovi-01

Версаче

Пат Мек Грат за оваа ревија одлучи моделите да изгледаат гламурозно со нагласени трепки, црн молив за очи, бронзенка сенка на долниот дел и сина на ќошот на очите.  Фризурите изгледаа едноставно, со патец на средина и со интересен моден додаток кој ја покрива целата коса.

make-up-trendovi-02

Објавено:
24 јануари 2014
Категорија: 
Убавина