Росица Мршиќ е новиот советник за убавина на AVON Македонија

24 јануари 2014

Копманијата AVON Македонија започна нова соработка со македонската модна дизајнерка Росица Мршиќ. Во првата половина од годината, името и потписот на Росица Мршиќ ќе можат да се најдат во брошурите на оваа козметичка компанија, и тоа како нов и ексклузивен советник за убавина на компанијата.

Во овој период стручните препораки на Росица Мршиќ за одбрани парчиња модни додатоци од портфолиото на AVON ќе бидат застапени во печатените и електронски изданија на компанијата, при што модната дизајнерка ќе ги советува потрошувачите на AVON за последните трендови и тековните сезони.

„Јас сум одбрана да бидам консултант за убавина за производите на AVON, во наредниот период од шест месеци. Оваа соработка се однесува на приближување на модните производите и производите за убавина, преку препораки, до секој корисник на AVON. Од овие препораки се очекува да го опишат производот и дадат личен совет за нивната употреба, намена, можност за модно толкување“, вели Росица Мршиќ.

AVON соработува со светски познати лица од музичката и филмската област за поатрактивно промовирање на своите производи, па вклучувањето на домашни личности за нивни советници за убавина за Росица претставува одличен гест на почитување на локалната средината.

„Соработката со АVON Македонија е одлична можност на поврзување на домашните дизајнери со една толку значајна интернационална компанија за убавина. Важноста на овие соработки претставува поттик и поткревање на перцепцијата за локалниот дизајн, потврдувајќи го значењето на локалната сцена во која АVON Македонија работи“, додава модната дизајнерка.

Соработката со Росица Мршиќ пред поголема публика за прв пат беше обелоденета на интерната конференција на AVON – Back to Work, каде Росица се претстави со своја ревија.

Објавено:
24 јануари 2014
Категорија: 
Актуел