Ако ја прашате било која невеста, што и претставувало најголема тешкотија за време на венчавката, сигурно таа ќе ви каже дека тоа било исцрпното носење на високи потпетици. Епа, драги наши невести, ако сте подготвени да отстапите од стандардните и да биде уникатна невеста, наш предлог е да носите ни повеќе ни помалку, туку старки. Едно е сигурно, вие ќе бидете оригинална, но и неуморна за забава во текот на целата веселба.
Сигурно нема да ве разубедиме доколку сакате вашите стапала да допринесат за женственост и елегантност, затоа овој предлог го упатуваме до оние идни невести што се уште се двоумат, а ја преферираат комфорноста и уникатноста. Ако веќе ги обожавате старките, тогаш оваа идеја ќе ви биде и повеќе од добредојдена. Нема никаков сомнеж дали тие ќе прилегаат на венчаницата, потребната енергија ќе ја пренесете лично од вас, поточно од начинот на кој се носите со нив.
Скептицизмот сведете го на минимум, а за тоа дополнително ќе ви помогнат фотографиите што во продолжение ги издвоивме за вас. Мал поттик нека ви бидат и патиките што беа претставени на неделата од висока мода во Париз, каде брендот Шанел на писта презентираше спортски патики изработени од светкав материјал, шљокици и тантела надополнети со луксузни фустани.
Ние веќе им најдовме намена, што мислите вие?