Кој збир го има оцената на модниот критичар?
Не постои споредба, таа е измислена максима, во која ќе се затскрие слабоста на луѓето. Оценката на еден моден критичар не треба да биде цифра без значење, исполнета единствено со нејзиното обележје. Не може да постојат искористени вредности, мора да постои нивна рециклажа. Замислете доколку во рака имате пет оцени и толку модели за оценување, не може, ако сите модели се подеднакво добри, вие да ги оцените со разни оцени, само за да имате прошарувања во вашите ставови. Ставовите на еден моден критичар, бидејќи тоа е професија, а под професија се подразбира дејност која обезбедува егзистенција, која нема човеко-мразечка и обожувана темелност и дејност. Кога настапувате со лицето на професијата, вие треба да го изгубите своето лице и вашата лична аура. Базата и опсегот на модните критики, настанува единствено како остварено материјално нешто (тоалета) и начинот и оцена на истата дадената изведба и тука треба да заврши целиот суд на еден моден критичар.
Модниот критичар денес?
Модниот критичар треба да го диктира јавното мнение, тој е лесно осудуван, неговата материјална егзистенција да биде куплива од поголеми гигантски модни куќи и веќе да му се изгуби неговиот професионален глас и неговата професија од критичар да премине во менаџер во модата со светот на јавноста.
Како работи критиката (општо)?
Направете една тоалета и до неа ставете гола девојка. Пред призорот од девојката и тоалетата, земете фотограф, сликар и поет. Оставете ги тие да го направат своето дело. И критиката за сите ќе биде различна. Дури пред самата девојка да донесете и возрасна жена и млад маж и тие различно ќе го протолкуваат нештото. И тоа е критика, лична. Критиката е збир од разни, апаратури и собитија и може теориски да се разгледува низ многу нивоа. Сепак и критичарот како суд, мора да знае од каде, што ќе започне и каде ќе се движи и на крај неговата критика на што ќе се должи. Сите овие нешта вклучуваат големи објаснувања и дебати.
Со која апаратура располага модната критика?
Она што нам ни е важно доколку би биле моден критичар, е која апаратура треба да ја користиме, кога ќе земеме да оценуваме една тоалета. Прво го гледаме изборот на материјали, дали е соодветно одбран. Овде спаѓа изборот на боите, но многу поважно е изборот на материјалите, нивната тврдост, мекост и густина. Овде го определуваме правецот, што сака креативната индивидуа потпишана врз тоалетата да каже (дури и да е нов правец во себе влечи нешто од меморијата на претходниот правец). Овде критичарот ја дава својата почетната оцена. Потоа следува оцената за начинот на изведбата, конструкција и изведба на истата конструкција на тоалетата, дури и бројот на убоди при шиењето. Ова е втората оцена за моделот од страна на критичарот и спаѓа во технички. Трето ниво на оцени е како е извршено моделирањето на дадениот модел, дали креаторот усепал правилно да ја искористи конструкцијата, изборот на боите, правецот на визура и дали правилно е нанесена глазурата. Модниот критичар прави техничка работа, неговата работа е да ја долови с’ржта и душата на моделот. Во тоа се состои неговата оцена.
Што не треба да заборави еден моден критичар?
Еден моден критичар, не треба да заборави да критикува, тоа е негова работа. Најголема негова грешка е ако ја премолчи или воопшто ја игнорира појавата на еден модел и не ја искоментира.
Автор: Илија Илов