Што е модна икона?

27 декември 2013

Како мали јас и сестра ми, правевме преместување во нашата соба, за време кога нашите родители беа на работа. Ги преместувавме старите тешки плакари, нашите кревети, ги вадевме постерите од ѕидовите и се обидувавме да дадеме нова слика за нашата стара соба. Имаше телевизор кој требаше да се тргне, телевизорот имаше еден штекер кој висеше на кабел, естетски не изгледаше добро и јас и сестра ми решивме да го тргнеме. Многу лесно го направивме тоа, јас ја земав клештата што се наоѓаше во посебна кутија за алати на татко ми. Се вратив во нашата соба и ги исеков двете жици, но бидејќи кабелот беше дебел ги сечев една по една.

Татко ми си дојде дома од работа, ја виде собата и не’ пофали, а потоа праша што се случило со кабелот? Ја виде клештата и кабелот, кој мртов заедно со штекерот лежеше долу, потоа се приближи и ми влепи шлаканица. Знаеш ли дека ако си ги пресекол двете жици истовремено, ќе те убило струја. Јас бев горд дури и му возвратив на тоа: гајле ми е.

Зошто вака започнав?

Причина за приказната е, кога се занимаваме со една материја, најпрво мора да ја проучиме нејзината апаратура и како таа вистински работи, можеби некогаш ќе ви успее како на мене од незнење, но вториот пат вашиот неуспех ќе биде награден со себеубивство.

Нашата апаратура, во модата како и во сите други дисциплини е во едукацијата. Затоа да научиме да зборуваме модно, за да можеме потоа да комуницираме.

Што е модна икона?

Икона е збор кој во буквален превод значи претстава. Икона е поврзена со его и алтер-его. Ако егото е внатршената слика на еден човек, алтер- егото е надворешната слика на истиот човек. Нашата апаратура во модата со која ќе се занимаваме е алтер-егото кое е тесно поврзано со надворешната слика што ја градиме пред другите. Во овој случај најважна е фотографијата од нас во туѓите раце.

modna-ikona-fi

Како се станува модна икона?

За да се дефинирате како модна икона, најпрво треба да се откажете од целата мода и во сликата која надворешно ќе ја градиме пред другите, да ги употребиме оние детали кои што сакаме да не претстават во најдоброто светло, а со тек на време и да станат наш заштитен симбол. 

 

 Дали модната икона е секогаш добро облечена?

Модната икона не значи дека секогаш е добро облечена. Напротив модната икона значи дека е препознатлива по нешто. Дали сте добро или лошо облечени зависи од стилот, но и од оние кој ве следат.

 

Автор: Илија Илов

Објавено:
27 декември 2013
Категорија: 
Стил