Откако меѓународната еколошка организација Гринпис ги објави резултатите од последната анализа на 82 парчиња облека од познати брендови, вклучувајќи ги Барбери, Гап, Дизни и многу други, дека некои од нив содржат токсични хемикалии, се појавија и спротивставените оградувања од анализата. Воедно, според истражувањето, парчињата од детската колекција за пролет-лето 2013 на Барбери е токсична, вклучувајќи ја и металик кошулата што ја рекламираше малиот Ромео Бекам. Од Барбери пак, објавија официјално соопштение дека анализите на Гринпис се неточни и дека парчето облека што било испитувано веќе било перено со детергент што содржен токсични хемикалии.
-Сите производи на Барбери се сигурни и според сите пропишани стандарди. Ние имаме програма според која се придржуваме кон употребата на еколошки материјали. Кошулата на која се тестирало веќе била перена со детергент и не може да се смета дека ние сме ја пуштиле како штетна во продажба, соопштуваат од Барбери.
Од Гринпис го тврдат сосем спротивното и ги предупредуваат луѓето од целиот свет да бидат многу внимателни.
- Ова е посебно ноќен кошмар за сите родители што тргнале да купат облека за своите деца, овие хемикалии ги има во се, вклучувајќи ги и луксузните брендови. Откривме супстанца нонилфенол етоксилат, која може да предизвика нарушување во работата на хормоните, предупредуваат од Гринпис.