Мејбелин слави 100 години јубилеј!

28 јануари 2014

 

Модниот бренд за убавина создаден благодарение на иницијативата на Мабел Вилијамс, креирајќи ја првата маскара во светот, пудрата во прав и вазелинот, оваа 2014 година слави јубилеј од 100 постоење на гламурозниот календар, чии прекрасни фотографии секоја година ја раскажуваат приказната за најновите трендови на убавина.

 

 

Првиот календар на убавината Мејбелин прв пат го презентираше во 1914 година. Оваа година етикетата слави еден век успешна и континуирана работа во создавањето на производи за шминка кои го зачинуваат модниот изглед на милиони жени во светот. Главните протагонисти се моделите Емили ДиДонато, Кемп Мул, Џулија Стегнер, Џесика Вајт, Шарлот Фри и Ерин Васон кои беа фотографирани во различни историски епохи со цел да се нагласи градацијата за развојот на убавината низ целото столетие. Едиторијалот беше целосно осмислен и изработен од страна на меѓународно реномираниот фотограф Кенет Вилард.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Убавина