Револуционерните 1960-ти се највлијателна декада во модната историја

28 јануари 2014

Брижит Бардо Брижит Бардо

 

Ретро навраќањето низ годините на модната историја, само го потврдува фактот и резимето на големиот број студии и истражувања дека ’60-тите важат за најстилска декада на сите времиња. И покрај тоа што при крајот на 20-тиот век модата доби вистински трансформации во поглед на диктирањето на модните трендови, сепак не се негира фактот дека ’60-тите донесоа нов бран свежина кој имаше исклучително влијание во градењето на сликата на модерната жена.

 

Пети Бојд Пети Бојд

 

Тоа беа годините кога Твиги и Мери Квант ги покажаа голите колена и ја најавија револуцијата на мини здолништата, кои нормално низ годините го менуваа својот облик, дезен и форма. Видал Сасун направи радикални промени во изгледот на фризурите кои треба да бидат основа за понатамошни креативни надополнувања. Модата беше центрирана во кралската престолнина, градот Лондон, каде се појавија првите фотографи, дизајнери, манекенки, новиот звук на музика и плејада од нови мега трендови. Интересно е што Британците и денес се повикуваат на „правилата“ и принципите кои ги наметна оваа  деценија.

 

Мери Квант Мери Квант

 

Но, како да го вметнете ретро духот и времето на совршените кроеви од ’60-тите во денешните модни изрази? Секако треба да се ослободите од слепото следење на тенденциите, драматичната шминка и потпетиците со платформа. Треба вашиот моден фокус да го насочите кон едноставноста на модниот израз. Одмерениот крој, глатките контури, ненападните дезени и принтови, „голата“ шминка нека ви бидат водечки модни вибрации за почеток, а стилот на Брижит Бардо, Твиги или Софија Лорен пример за добро скроен, модерен, секси и елегантен изглед.

 

Џејн Шримптон Џејн Шримптон

 

Софија Лорен Софија Лорен

 

Твиги Твиги

 

Брит Екланд Брит Екланд

 

 

 

 

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Стории